Следи нѐ
To Top

Вардар поразен од полскиот шампион Киелце

ФОТО: Драган Тануровски / Популарно.мк

Ракометарите на Вардар не успеаја да остварат победа на првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите откако вечерва во СЦ „Јане Сандански“ загубија од полскиот шампион Киелце со 22:20. Киелце оваа сезона во Лигата на шампионите на седум натпревари на гости постигна седум победи.

реклама

Првиот дел мина во изедначена игра. Ракометарите на Вардар во неколку натпревари имаа два гола предност, а гостите од Полска успеаја од негативата 8:6 со серија од 3:0 да дојдат до водство од 9:8. На полувремето беше 11:11.

Предводени од извонредниот голман Арпад Штербик Вардар во 44.минута поведе со 15:12, но полскиот шампион брзо врати со серија од 4:0 и поведе со 16:15. Во 57.минута Киелце имаше и два гола разлика 20:18.

Головите кај Вардар ги постигнаа: Сергеј Горбок 5, Стојанче Стоилов и Игор Карачиќ по 4, Филип Лазаров 3, Алекс Душебаев 2, Матјаж Брумен и Тимур Дибиров по 1. Арпад Штербик имаше 13 одбрани.

Кај победничката екипа на Киелце голманот Марин Шего имаше 11 одбрани, а најефикасен беше Мануел Штрлек со 5 голови (сите во вториот дел).

Реванш натпреварот се игра на 19.април во Полска.

Vardar_Kielce-9288

ФОТО: Драган Тануровски / Популарно.мк

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ракомет

error: Содржината е заштитена со авторски права.