Следи нѐ
To Top

Летни температури во Македонија

Во Гевгелија денеска температурата достигна 26 степени. Топло беше и во останатите градови. Според Управата за хидрометеоролошки работи, во Струмица се измерени 25 степени, во Демир Капија 24, во Штип и Скопје 23, во Тетово, Битола и Виница 22, во Прилеп 21, во Претор, Берово и Крива Паланка 20, во Охрид 18, во маврово 14, а во Лазарополе 15.

По сончевото и топло време во претпладневниот дел од денот, попладнево има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи во североисточниот дел од земјава.

реклама

Висината на снежната покривка до 17 часот била 45 сантиметри во Маврови Анови и пет во Лазарополе.

Утре и во вторник претпладне ќе биде сончево време со умерена облачност, а околу пладне и попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во среда и четврток ќе преовладува стабилно и суво време. Минималната температура ќе се движи од еден до осум, а максималната од 18 до 24 степени.

Во Скопје слично време со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во среда и четврток ќе преовладува стабилно и суво време. До среда ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.