Следи нѐ
To Top

Во Битола опожарени уште две возила

Ноќеска, неколку часа по полноќ, на улицата „Михајло Андоновски“ во Битола опожарени се две моторни возила.

Од Територијалната против пожарна единица-Битола информираат дека дојавата за пожар врз возила пристигнала околу 2 часот, и веднаш на паркингот на улицата „Михајло Андоновски“ била испратена екипа за брза интервенција.

реклама

– За жал во пожарот целосно е уништено возило марка „Мазда“, додека со префрлање на огнот опожарено е уште едно возило марка „Опел астра“. Благодарение на брзата интервенција на нашите пожарникари спречивме ширење на огнот кој можеше да предизвика покатастрофалнипроследици бидејќи на паркингот има бројни возила, со различно гориво, бензин, нафта или плин, истакна Костадин Поповски, командир на ТППЕ-Битола.

За два дена, ова е втор случај на опожарување на две моторни возила во Битола.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.