Следи нѐ
To Top

Во сабота троен спектакл во „Борис Трајковски“: Голем концерт на Змијанац, Џиновиќ и Мата Хари

До тројниот музички спектакл, кој во една вечер, на една сцена ќе ги собере трите најголеми имиња на екс ју-сцената – Харис Џиновиќ, Весна Змијанац и Хари Мата Хари, останува уште малку.

Речиси се е подготвено за саботниот троен концерт, кој би требало да трае повеќе од четири часа. Остануваат уште неколку технички детали, кои ќе ја направат забавата незаборавна и секако, да пристигнат гостите.

реклама

На сцената прв ќе застане сопственикот на хитовите кои повозрасните ќе ги врати во младоста и на кои токму тие балади им се асоцијација за можеби првиот бакнеж, првото танго, првиот летен одмор… Хари Варешановиќ или Хари Мата Хари.

Веднаш по него ќе следува блокот со, како што го нарекуваат, човекот глас – Харис Џиновиќ, а крајот е резервиран за дамата која домашната публика речиси и да немала прилика да ја види на концерт овде. Весна Змијанац ќе биде задолжена за заокружување на спектаклот.

И тоа не е се, на сцената, на која ќе ги придружува оркестарот под водство на маестро Миша Мијатовиќ, ќе има и музичко изненадување, какво што досега не се случило.

Затоа запаметете на 18 април сите патишта водат кон „Борис Трајковски”, на маратонскиот концерт за кој не дозволувајте да ви раскажуваат другите. Бидете и вие дел од најголемата балканска журка.

Колку за потсетување, билетите се продаваат по цена од 400 денари и тоа преку продажната мрежа на купикартизасе, Розе Веро 2, ресторанот Окарина и на билетарницата на „Борис Трајковски”.

Журката почнува во 20.30 часот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА:

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.