Следи нѐ
To Top

Сончево, температура до 26 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен и западен правец.

Температурата ќе се движи од 15 до 26 степени.

реклама

Во Скопје слично време, со температура до 24 степени.

Во петок и сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, која во сабота ќе биде поизразена кон крајот на денот со повремен локален дожд и можна појава на грмежи. Ќе дува ветер претежно од западен правец. Во недела променливо облачно и посвежо попладне, а во вечерните часови со повремен локален дожд.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.