Следи нѐ
To Top

Љубовна двојка се изгубила на Водно: Интервенирале „Тигрите“

Двајца млади од Скопје во четвртокот вечерта се изгубиле додека шетале на падините на Водно, во еден момент ја виделе браната на Матка и побарале помош на телефонскиот број 192.

Веднаш на терен бил испратен алпинистичкиот тим на Единицата за специјални задачи кои извршиле пребарување на теренот од потегот Милениумски крст Водно кон локалитетот Матка.

реклама

Скопјанецот им ја опишал на „Тигрите“ околината во којашто се наоѓале во моментот, по што со давање светлосен сигнал бил воспоставен и визуелен контакт. Двојката била најдена околу 01.15 минути по полноќ, во добра општа состојба во близина на манастирот „свети Никола Шишевски“.

Верениците биле безбедно спуштени до пешачката патека до мостот на кајакарскиот дом „Матка”“, од каде со возило беа префрлени до нивните домови.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.