Следи нѐ
To Top

Емели Санде на отворањето на јубилејниот ЕГЗИТ фестивал!

Еден од најпосакуваните женски вокали и во моментов водечката светска соул и ар-ен-би пејачка Емели Санде (Emeli Sandé), ќе настапи на 9. јули на отворањето на јубилејното 15. издание на „Егзит“ фестивал на Петроварадинската тврдина во Нови Сад.

Британската ѕвезда со замбиско потекло, е сопственичка на три синглови од првото место на светските топ листи и најпродаваниот европски албум во 2012. и 2013. година, надминувајќи ги и Адел, „Арктик Манкис“ и Бруно Марс! Со оглед на тоа дека албумот се задржа дури 64 недели во првите 10 на листата на најпродавани, Санде и официјално го собори рекордот кој повеќе од 50 години го држеа „Битлси“!

реклама

Наградена со три БРИТ и три МОБО награди, покрај бројните признанија на угледните списанија како што се „Ел“, „Кју Магазин“ и „Харперс Базар“, 28-годишната кантавторка е добитничка и на две престижни Ивор Новело (Ivor Novello) статуетки за исклучителна композиторска работа. Емели Санде отвора посебна програмска целина на овогодинешниот „Егзит“ која ја сочинуваат авторите на најслушаните песни во современата популарна музика како што се и „Клин Бандит“ (Clean Bandit), Џон Њуман (John Newman), Том Одел (Tom Odell), Милки Ченс (Milky Chance), Хардвел (Hardwell), Мартин Гарикс (Martin Garrix) и Оливер Хелденс (Oliver Heldens), ред имиња од првите места на светските топ листи, а кои лично ги пишуваат своите песни и зад кои не стојат тимови од професионални композитори и текстописци.

Најголемите ѕвезди на новата генерација ќе настапат покрај докажаните великани како што се „Моторхед“ (Motorhead), „Феитлес“ (Faithless), Ману Чао (Manu Chao), „Напалм Дет“ (Napalm Death), Рони Сајз (Roni Size), Голди (Goldie), Крис Либинг (Chris Liebing), Адам Бејер (Adam Beyer) и други.
Emeli Sandé – Next To Me: https://www.youtube.com/watch?v=-nwdjQmc_N8

Најдобрата акција „4+1“ повторно е тука!

Четворочленото друштво кое заедно ќе ги купува влезниците за „Егзит“, „Си Денс“ или целата „Егзит“ Авантура, петтата влезница ќе ја добијат како подарок! Акцијата „4+1“ веќе е достапна во продажба преку мрежата на МКтикетс и во официјалното продажно место во Македонија, Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат).

Влезниците за „Егзит“ чинат 3.599 денари, за „Си Денс“ чинат 2.550 денари, а за целата „Егзит“ Авантура (Егзит + Си Денс) само 4.299 денари. Во продажба веќе се пуштени и картите за организираниот автобуски превоз за „Егзит“ фестивал (Скопје – Нови Сад – Скопје) по цена од 2.990 денари, како и за целата „Егзит“ Авантура (Скопје – Нови Сад – Будва – Скопје) по цена од 4.990 денари.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

error: Содржината е заштитена со авторски права.