Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: „Вистината“ на Мила Кадриу откриена на зајдисонце со вино

Колекцијата наречена „Veritas“ (Вистина) потпишана од модната куќа MCouture на Мила Кадриу ја доживеа својата премиера вчера, на зајдисонце во скопската винарија „Камник“.

На модниот перформанс во организација на Моден викенд Скопје беа претставени креациите за пролет/лето 2015 односно комбинезони, коктел фустани, кошули, панталони и корсети.

реклама

„Инспирација за создавање на оваа колекција најдов во самата основна и природна убавина на жената, нејзините највредни одлики од кои таа несебично црпи секојдневна инспирација“, вели дизајнерката Мила Кадриу.

Во однос на боите Кадриу објаснува дека белата како боја на вистината е носечка во целата колекција, најбитна по значење и основа за мешање на целиот колорит.

Што се однесува до текстилната карта, внимателно се одбрани парчиња на ткаенини кои самите по себе и не се компатибилни. Склоп на памучни и везени чипки, спој на пердуви со чипка, пердуви од ној во комбинација со кристалчиња, лелеави свили принтани и укрутени со материјали кои даваат поинаква форма на моделот, сурова свила, свилени жоржети и брокати.

За фризурите на манекенките од модната агенција „Подиум“ се погрижи „Lakme“ во соработка со „Бубе студио Ин“ а за шминка „Космо“ со „Manhattan“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.