Следи нѐ
To Top

ФОТО: Концертна „лумперајка“ на Хари, Весна и Харис во „Борис Трајковски“

ФОТО: Драган Митрески

Хари Мата Хари, Весна Змијанац и Харис Џиновиќ најавија вистински спектакл и истиот го одржаа.

реклама

Арената “Борис Трајковски” во саботата беше претесна за да ги собере сите фанови кои во еден здив ги пееја сите нивни песни од почеток до крај.

– „Добровечер Македонија! Одамна не сме се виделе, време е за лумперајка!“ – рече Хари Мата Хари и го започна четиричасовниот целовечерен концерт.

Разиграната атмосфера дополнително ја загреа Весна Змијанац, која публиката ја дочека со овации.

haris-hari-i-vesna-zapeaja-na-makedonski-254034

Кулминација на концертот беше настапот на Харис Џиновиќ, кој последен настапи на сцената.

– „Многу сум среќен што гледам толку насмеани лица. Време е за пеење и танцување. Ајде да се расположиме”, рече тој додека во позадина се слушаше мелодијата од “Рано је за тугу”.

haris-hari-i-vesna-zapeaja-na-makedonski-254032

Некаде кон крајот, на изненадување на сите присутни, спонтано и непланирано на сцената на Харис му се придружија Весна и Хари и заеднички ги испеаја “Јовано Јованке” и “Македонско девојче”.

Концертната забава на годината помина, но импресиите и впечатоците сумирани од него уште долго ќе се прераскажуваат!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.