Следи нѐ
To Top

Виз Ер Скопски Маратон годинава ќе биде најмасовен

Годинешното издание на Виз Ер Скопски Маратон ќе биде најмасовен од сите изданија до сега. До денес се пријавени 5600 учесници, од 42 земји ширум светот. 11-тото издание на Виз Ер Скопски Маратон оваа година се оддржува на 10-ти мај, по повод Денот на Европа, 9-ти мај.

– ,,Ова се очекува да биде најмасовниот и најпосетен маратон досега. Бројот на пријавени учесници е за почит, со оглед на тоа дека пријавувањето е сеуште во тек. Сите натпреварувачи своите стартни пакети ќе можат да ги подигнат од Виз Ер Скопје Маратон Експо, саемот кој за првпат оваа година ќе се оддржи по повод Виз Ер Скопскиот Маратон. Чест ми е како директор на маратонот да ги поздравам сите учесници, натпреварувачи и оние кои несебично ја даваат поддршката за овој маратон да се оддржи. Маратонот е под покровителство на Град Скопје, Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт. Оваа година главниот спознор Виз Ер, на сите маратонци им доделува вредносен ваучер во износ од 20 евра, кој може да се искористи преку wizzair.com.“- изјави Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски Маратон

реклама

На денешната прес-конференција, свое излагање пред медиумите имаа Аиво Орав, амбасадор на ЕУ, Ѓорги Кузмановски, претседател на Сојуз на Спортови на Скопје и организационен одбор, Кире Синадиновски, Директор на Маратонот, Марјан Спасески, Директорот на Агенција за Млади и спорт, Даниел Де Карваљо, претставник од компанијата Виз Ер и Тања Балаќ, претставник од Град Скопје, кои заеднички го поддржаа маратонот и најавија настан кој се смета за еден од најголемите во регионот.

На прес-конференцијата која се оддржа денес во ЕУ Инфо Центарот беше најавено, дека последен рок за пријавување за маратонот е до 30-ти април или до пополнувањето на предвидената бројка на учесници. Пријавувањето се врши преку веб страната на маратонот www.skopskimaraton.com.mk.

Во склоп на Виз Ер Скопски Маратон ќе се оддржи Државното првенство на Македонија во маратон. Новитет е штафетниот маратон за кој постои голем интерес. Интересно е да се спомене дека по пат на лотарија, двајца македонски натпреварувачи/ки ќе имаат можност да трчаат на Њујорк Маратонот, кој ќе се оддржи на 11 ноември 2015 година, со кој Виз Ер Скопски Маратон оствари соработка. Исто интересно е и воведување на нови технологии, снимање на лично видео кое ќе го добијат учесниците во маратонската, полумаратонската трка и во штафетниот маратон. Наградниот фонд оваа година изнесува 17.000 евра.

Виз Ер Скопскиот маратон е првата улична трка во Европа кој се здоби со 5 ѕвездички во новата категоризација“Running for all“ која неодамна почна да ја спроведува Европската Атлетска Асоцијација, а која се однесува за безбедноста и квалитетот во организација на уличните трки. Виз Ер Скопскиот маратон е земен како пример во брошурата која ја издаде Европската Атлетска Асоцијација.

Повеќе детали за самиот маратон, пријавување и дисциплини има на веб страната на маратонот www.skopskimaraton.com.mk.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Останато

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.