Следи нѐ
To Top

Виктор Апостоловски за првпат со концерт во Скопје

Пејачот Виктор Апостоловски кој македонската јавност го памети по финалето во „Идол“ во среда ќе се престави во живо со концерт пред скопската публика.

Периодов кој измина Виктор го искористи за промоција на новиот албум, но и за работа на еден нов проект кој допрва ќе се развива. Апостоловски заедно со својот бенд работат на кавер верзии на популарни светски хип хоп и рнб хитови кои посетителите ќе имаат можност да ги чујат во среда во клубот „Блок“ во Скопје.

реклама

Од она што досега го слушнавме и видовме на Youtube, станува збор за комбинација на опасни хип хоп мелодии со моќни гитарски рифови и бит бокс.

Влезот во клубот „Блок“ кој се наоѓа во ТЦ Мавровка спроти факултетите ќе биде бесплатен, а концертот ќе започне по 23:00.

За повеќе информации околу настанот- https://www.facebook.com/block.club.sk

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.