Следи нѐ
To Top

Македонија ги доби првите магистри во областа на современите композити и роботика

Компанијата Микросам, која е светски бренд и амбасадор на Македонија во светот во полето на производство на машини за напредна технологија, роботика и изработка на композитни материјали во авиоиндустријата, а воедно и омилен соработник на најголемите роботички технолошки гиганти од Јапонија, Кина, Индија, Русија, САД, Германијa, оваа година има навистина на што да биде горда.

Во годината во која се одбележуваат 25 години од постоењето на компанијата, која е основач на Институтот за современи композити и роботика, излегуваат првите магистри во земјава од оваа област, подготвени да се носат со новите up-to-date предизвици во глобални рамки.

реклама

Во Институтот успешно беа одбранети магистерските трудови во областа на современите композити и роботиката. До крајот на годинава предвидено е да магистрираат уште три студенти во истата област, а нивниот едукативен пат ќе продолжи на третиот циклус студии, со што ќе станат првите доктори на науки во оваа област во Македонија.

“Креираме знаменосци за следните современи научни битки, и тоа во светски размери. Овие млади луѓе ќе бидат идните носители на следните научни подвизи и достигнувања во оваа област. Нивната мисија продолжува во насока на едуцирање на другите вработени и подобрување на стручноста на целокупниот тим, служејќи како инспирација и мотив за генерациите што следат”-напомена Проф. Д-р Благоја Самакоски, претседател на Микросам, кој не го криеше своето задоволство.

Институтот доби на популарност поради посебниот едукативно-научен пристап, базиран на модерни предавачки техники, мултимедијален пристап, алатки за мотивација, само-учење, но и благодарение на единствената лабараторија од ваков вид во регионот. Дополнително, од огромна помош на студентите им е и најголемата во регион дигитална библиотека на стручна литература, како и можноста за следење на директни real time презентации на врвни професори ширум универзитетите во САД и директна размена на искуство.

– “Од минатата година, Институтот најавува е придружна членка на Универзитетот Гоце Делчев, па од септември двете институции ќе ја започнат наставата на првата генерација студенти во областа на современите композити и роботиката на вториот и третиот циклус студии кои ги организираат со заеднички капацитети. Институтот зад својата визија и мисија на постоење, во долгорочна перспектива, за цел има придонес кон техничко-технолошкиот раст и развој на Република Македонија и презентирање на истиот во глобални рамки, подобрување на бизнис климата, привлекување на странски инвестиции”-додаде Проф. Д-р Самакоски.

Компанијата Микросам оваа година го одбележува сребрениот јубилеј, а на централната манифестација, своето присуство веќе го потврдија голем број на професори, академици и менаџери на компании ширум светот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

error: Содржината е заштитена со авторски права.