Следи нѐ
To Top

„Возиме кон иднината“: Денеска ролеријада во Скопје

Под мотото „Возиме кон иднината“ денеска во Скопје ќе се одржи „Ролер трката 2015“ во која ќе учествуваат ученици од училиштата од градот и околните населени места.

Целта на оваа рекреативна масовна акција, што ја организираат Град Скопје и ЈУ „Детскиот културен центар-Карпош“, е развивање на спортскиот дух и желбата за спортување на младите

реклама

Стартот на трката ќе биде на булевар „Илинден“, од пред фонтаната на Градскиот парк и ќе се движи до клучката на булевар „Илинден“ со улица „Никола Тесла“ (кај ЈП „Паркови и зеленило“).

– Со мислата во здраво тело, здрав дух, сакаме да ги анимираме нашите најмлади да ги засакаат ролерите и да го развијат духот на масовна дружба. Со унапредувањето на ролер спортот, градот ќе се збогати со уште една масовна манифестација, која има тенденција да прерасне во традиционална, а од година во година и се помасовна, се вели во соопштението на организаторите.

Од оваа година натпреварувањето ќе има две ролер трки, едната во машка, а другата во жанска категорија. Ролеријадата 2015 ќе започне со женската трка.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Останато

error: Содржината е заштитена со авторски права.