Следи нѐ
To Top

Државниот врв го осуди инцидентот кај Гошинце и повика да не се злоупотребува

Државниот врв на синоќешниот состанок кај претседателот Ѓорге Иванов го осуди инцидентот на северната граница на Република Македонија и констатира дека надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки и активности за негово расветлување, за пронаоѓање на сторителите и нивно санкционирање.

Воедно, државниот врв повикува на одговорно однесување на сите општествени фактори и настанот да не се злоупотребува во какви било цели.

реклама

Ова се вели во соопштението од кабинетот на претседателот Иванов кој го свика состанокот, на кој надлежните институции од областа на одбраната, безбедноста и разузнавањето информирале за инцидентот во липковскиот регион.

drz vrv 1

На состанокот присуствуваа претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, министрите за внатрешни работи и за одбрана Гордана Јанкулоска и Зоран Јолевски, началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески, директорите на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, како и раководителот на Службата за воена безбедност и разузнавање при МО на РМ.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.