Следи нѐ
To Top

Од 5 – 7 мај ќе се одржи второто издание на саемот за вработување и кариера Job Fair

Во организација на Бордот на eвропски студенти по технологија-БЕСТ Скопје од 5 – 7 мај на комплексот Технички факултети и на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер ќе се одржи второто издание на 11-от по ред Саем за вработување и кариера-Job Fair Vol.2.

Саемот има цел да им овозможи на студентите да остварат директен контакт со компаниите кои се во потрага по амбициозен и квалитетен работен кадар и да дојдат до работа или пракса во една од водечките компании во Македонија.

реклама

– Во деновите кои се предвидени за штандови, компаниите ќе ја изложат својата работа, цели и потреби во однос на бараниот кадар, а студентите ќе можат да се информираат подетално, да постават прашања или лично да си го претстават своето CV. Предвидени се и обуки и презентации од страна на професори и компании на најразлични теми на кои студентите ќе можат бесплатно да присуствуваат, велат организаторите.

Сите заинтересирани студенти може да се информираат за програмата и да го остават своето CV на официјалната страница www.jobfair.org.mk, чија датабаза е достапна за компаниите и студентите во текот на целата година.

Првото издание од 11. Саем за вработување и кариера Job Fair Vol. 1 се одржа од 9-ти до 11 март на Градежниот и Архитектонскиот факултет во Скопје. Саемот предизвика голем интерес кај студентите кои се запознаа со можностите за вработување и пракса кај повеќе успешни компании од земјата, велат од БЕСТ.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.