Следи нѐ
To Top

Вечерва дожд од метеори ќе гo осветли небото

Лириди, априлскиот дожд од метеори, почна од 16-ти февруари и вечерва ќе го достигне врвот. Астрономската појава која го разубавува ноќното небо ќе трае до 25-ти април, кога се очекува последното „прелетување“.

За време на еден час во вообичаени околности во априлскиот дожд од метеори се гледаат помеѓу 10 и 20 метеори. На врвот, вечерва ќа има и до 10 пати повеќе.

реклама

Оние што сакаат да уживаат во оваа несекојдневна појава мора да се оддалечат од светлината на градот. Лириди може да се видат од височините во руралните краеви, а за посматрање не се неопходни двоглед или телескоп.

Точката на небесната сфера од каде што доаѓаат метеорите се наоѓа во соѕвездието Лира, па оттаму доаѓа и името на овој дожд.

Појавата е последица на проаѓањето на Земјата низ опашката на кометата Тачер, т.е. прашината која останала зад неа што се случува секоја година во април. Станува збор за едно од најпознатите астрономските појави, која била забележана уште пред 2.600 години.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.