Следи нѐ
To Top

Времето денес: Променливо облачно со краткотраен пороен дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на краткотраен пороен дожд освен во јужните и источните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 15 до 21 степен.

реклама

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има услови за краткотраен дожд, а преку денот ќе дува слаб претежно јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Во недела и во понеделник претпладне ќе потрае период на преодно стабилизирање на времето, а од понеделник попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд и појава на грмежи.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.