Следи нѐ
To Top

Силен земјотрес регистриран во Непал

Земјотрес со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Непал.

– Епицентарот на земјотресот беше на 80 километри источно од градот Покхаре во централниот дел на земјата, на половина пат до главниот град Катманду, соопшти американскиот Геолошки институт (УСГС).

реклама

Се уште нема официјални информации за евентуални човечки жртви, но очевидци тврдат дека во Катманду се урнале неколку згради.

Земјотресот бил почувствувам и во Њу Делхи и други градови во северниот дел на Индија, како и во пакистанскиот град Лахоре.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.