Следи нѐ
To Top

МОСТ: „До 17 часот одзивот на гласачите во Центар е 34,55 проценти“

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно пребројување на гласовите), која претставува математичко-статистичка научна метода, одѕивот на гласачите до 15 часот е 29,61%, до 16 часот е 32,21%, а до 17 часот е 34,55%.

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и мобилните тимови на МОСТ, досега се забележани следните неправилности на гласачките места:

реклама

На ГМ 2830 на ул. „Ѓуро Ѓоновиќ“ едно лице се претставило како набљудувач, но со себе не носело беџ, туку само копија од овластувањето од општинската изборна комисија. Лицето се уште е присутно на гласачкото место, иако со себе не ги носи сите документи потребни за набљудување на процесот.

Граѓаните на гласачките места во ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ кои не можеа да се пронајдат на Избирачкиот список биле упатени во општинска изборна комисија – Центар, по што еден од нив бил пронајден во Избирачкиот список за граѓани со привремен престој во странство од ГМ 2847. Истиот се упатил на соодветното ГМ и го остварил своето право на глас.
Во текот на денот отворена е бесплатната телефонска линија 080 080 080 на која граѓаните ќе можат да пријават евентуални нерегуларности.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.