Следи нѐ
To Top

МОСТ: „Излезноста на референдумот до 11 часот е 10,29 проценти“

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и мобилните тимови на МОСТ, досега се забележани следните неправилности на гласачките места:

На ГМ 2809 на ул. „Народен фронт“ 8 гласачки ливчиња биле откинати заедно со делот кој треба да остане на кочанот и на кој се наоѓа серискиот број. ИО го запишал настанот во Дневникот за евиденција на настани, по затворањето на гласачкото место истиот ќе го внесе и во записникот, а при пребројувањето на гласовите откинатите делови ќе бидат вратени во кочанот. Истиот настан се случил и на ГМ 2832 на ул. „Мирче Ацев“, само што во овој случај се работи за 4 ливчиња. На ГМ 2831, пак, на ул. „Ѓуро Ѓоновиќ“, се работи за 2 ливчиња од кои едното е пуштено во кутијата заедно со серискиот број, а за второто реагирал претседателот на ИО, по што делот со серискиот број бил вратен во кочанот. На истото ГМ забележано е и читање на глас на имињата на гласачите.

реклама

На ГМ 2830, исто така на ул. „Ѓуро Ѓоновиќ“, едно лице се расправало со претседателот на ИО на ова место, а расправијата продолжила и надвор од гласачкото место, по што интервернирала и полицијата и го отстранила лицето од објектот.

На ГМ 2837 на ул. „Вељко Влаховиќ“ ИО на глас ги чита имињата на гласачите, а еден гласач го напуштил параванот и со отворено гласачко ливче ги прашал членовите на ИО дали добро заокружил. ИО го посоветувал да го превитка ливчето и дека истото не треба да се покажува јавно.

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно пребројување на гласовите), која претставува математичко-статистичка научна метода, одѕивот на гласачите до 9 часот е 2,83%, до 10 часот е 5,95%, а до 11 часот е 10,29%.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.