Следи нѐ
To Top

Невладината ЦИВИЛ соопштува за неколку неправилности на референдумот во Центар

Невладината ЦИВИЛ која со свои набљудувачи го мониторира референдумот за ГТЦ во Општина Центар, соопшти дека регистрирале неколку неправилности.

На дежурните телефони добиле поплаки дека лифтовите во неколку згради во Центар намерно се расипани, според сведочењата на луѓето кои им се јавиле или пак се пожалиле на социјалните мрежи.

реклама

Понатаму дека се кинеле плакатите од кампањата. Регистрирале дека на гласачкото место број 2809 на ул. Народен Фронт бр. 21, Избирачкиот одбор откинал осум гласачки ливчиња сосе делот кој треба да остане во кочанот.

А како што велат, имало и проблемите и притисоците врз навните набљудувачи.

ЦИВИЛ го набљудува Референдумот за ГТЦ со над 100 набљудувачи, од кои 79 се акредитирани во ОИК.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.