Следи нѐ
To Top

Од утре средношколците ќе кампуваат пред МОН

Утре во 10 часот средношколците ќе го продолжат бојкотот на наставата пред Министерството за образование и наука и ќе постават камп, се додека не добијат средба со министерот Адеми.

Средношколскиот пленум најави дека ќе седат, јадат и спијат пред МОН сè додека не добијат средба.

реклама

– „На денешниот генерален пленум едногласно се одлучи најавениот фронт на бојкотот пред МОН (во паркот на новинари) да се постави во понеделник, каде ние 24 часа дневно ќе го чекаме министерот да не прими на средба. Повеќе информации ќе бидат објавени во соопштение утре. Само напред соученици, силни, сложни и храбри до КРАЈ! ‪#‎ПоздравПленумци‬“, пишува во соопштението на пленумот.

До сега според статистиката на Пленумот, над 18.000 средношколци ја бојкотираат наставата ширум Македонија. Тие бараат средба со Адеми, која тој им ја вети, а по која очекуваат да ги повлече измените во концептот за полагање државна матура.

Нивните барања се враќање на стариот концепт на полагање на државна матура. Законот за екстерното тестирање да биде ставен во мирување и електронското полагање на државна матура да се укине.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.