Следи нѐ
To Top

Викендот во Скопје 34 сообраќајки, една жртва, над 20 повредени

Во текот на изминатите три дена безбедносната состојба во делот на случените сообраќајни незгоди од сообраќајната полиција ја оценуваат како неповолна од причини што е случена една сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот.

Сообраќајката се случила на 25 април во 23 часот и 15 минути на ул. „1“, село Морани, во непосредна близина на куќен број 13 во која учествувале две патнички возила, „цитроен“ и „фијат“ со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје.Повредените со возило на Брза помош се пренесени во здравствена установа каде им се констатирани тешки телесни повреди на еден возач и еден сопатник кој по извесно време им подлегнал на повредите, а со телесни повреди се здобиле еден возач и тројца сопатници. За незгодата бил известен и јавен обвинител кој излегол на лице место, а увидот бил препуштен на увидната екипа на СВР Скопје со цел утврдување на околностите кои довеле до случување на незгодата.

реклама

Во петокот, на 24 април, извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, пет сопатници, еден пешак и еден велосипедист.

Се случила една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на мопед.

Во една железничка несреќа во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во сабота, на 25 април, извршен е увид на вкупно 15 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и седум се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле седум лица.

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на мопед.

Во недела, на 26 април, извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле две лица.

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 52 возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница, односно не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото. Дваесет и седум возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 17 возачи поминале на црвено светло на семафорите, 10 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, како и 11 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 90 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни активности во ОУ „Дитуриа“ кое се наоѓа на територијата на општина Сарај.

Во рамките на одбележувањето на 110-годишнината од смртта на Никола Карев, во организација на Собранието на Република Македонија денеска со почеток во 11 часот и 30 минути кај споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Македонија ќе се положи свежо цвеќе. Со цел безбедносно и уредно одвивање на оваа манифестација од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување при што сообраќајот на ул. „11 Октомври“ ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.