Следи нѐ
To Top

Македонија од утре под влијание на нестабилна воздушна маса

Нашето подрачје од утре ќе потпадне под влијание на циклонска активност и на нестабилна воздушна маса. Времето ќе биде променливо, а на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На одредени места можна е појава на град, особено во јужните и источните делови на земјава.

реклама

Во среда ќе има локални слаби врнежи од дожд, особено претпладне. Ветерот ќе го промени правецот во северен, што ќе предизвика пад на дневната температура за неколку степени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.