Следи нѐ
To Top

Средношколците повторно на средба во МОН

Претставниците на средношколскиот пленум треба да имаат уште една средба со претставници на МОН, откако на вчерашната не беше постигнат никаков договор. Според информациите, средбата е закажана денеска во 10 часот.

Педесетина средношколци синоќа преспаа во импровизираниот камп, револтирани од игнорантскиот однос на надлежните кон нивните барања за враќање на стариот начин за полагање на државната матура и ставање во мирување на екстерното тестирање.

реклама
Од средношколскиот пленум велат дека таму ќе останат се до исполнувањето на нивните барања, укинување на екстерното тестирање и на електронското полагање на државната матура и враќање на стариот концепт на полагање на државна матура.
Од министерството за образование апелираат родителите да ги повлечат своите деца и да се вратат во училишните клупи.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.