Следи нѐ
To Top

Терористички напад во босанскиот град Зворник: Специјални единици го чуваат градот

Во понеделникот попладне, во напад на полициска станица во босанскиот град Зворник, убиен е еден полицаец, а ранети се двајца, јавија босанските медиуми.

Во вторник, ден по нападот, во градот е мирно, но забележано е зголемено присуство на полиција на улиците.

реклама

Имено, 24-годишниот Нердин Ибриќ, во понеделникот со автомобил се довезол до полициската станица при што убил еден полицаец на врата. Потоа влегол внатре и продолжил да пука, при шти ранил уште двајца полицајци.

Утрово во Зворник забележано е зголемено присуство на полицајци како и поголемо обезбедување околу зградата во која се случил нападот.

Жителите на овој град не сакаат многу да коментираат за случајот. Како што вели една девојка која работи во непосредна близина на полициската станица, не е едноставно да се знае дека се случил ваков напад.

Сепак, нема посебна напнатост во Зворник, а зголеменото присуство на полиција ги смирува граѓаните.

Полицајците кои беа ранети се во стабилна здравствена состојба.

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Балкан

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.