Следи нѐ
To Top

Времето денес: Облачно со сончеви периоди

Времето претпладне во Македонија ќе биде облачно со слаби локални врнежи од дожд кои малку подоцна ќе престануваат и облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој долж Повардарието на моменти ќе засилува по интензитет.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 16 до 23 степени.

реклама

Во Скопје ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди иако во раните утрински часови ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

До недела ќе се задржи променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд, особено во четврток.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.