Следи нѐ
To Top

ФХ3Х дел од „Avengers: Age of Ultron“

Македонското студио за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х во соработка со Double Negative од Лондон работеше на ефектите на „Avengers:Age of Ultron” кој во Македонија премиерно ќе биде  прикажан утре во Cineplexx.

На проектот „Avengers: Age of Ultron“, ФХ3Х работеше со екипа од 20 артисти во период од два месеца, во февруари оваа година.

реклама

Филмот веќе ја имаше својата премиера во делови од Европа и Азија и според најновите информации, заработката на кино благајните ги надмина очекувањата од 150 милиони американски долари. Во првиот викенд на прикажување филмот заработи 201 милион долари. Првиот викенд на прикажување во Америка кој е закажан за 1 мај најавува надминување на заработката на првиот дел кој донесе 207 милиони долари.

Инаку, во однос на актерската екипа, во „Avengers: Age of Ultron”  Роберт Дауни Жуниор се враќа како Ајрон мен, заедно со Крис Еванс како Капетан Америка, Крис Хемсворт како Тор и Марк Руфало како Хулк. Во филмот се и Скарлет Јохансон, Џереми Ринер, Семуел Л. Џексон, Дон Чедли, кои повторно се собираат за да го поразат Џејмс Спајдер како Алтрон, ужасен технолошки злосторник со желба да ги истреби луѓето.

Во својата акција тие се спротивставуваат на уште два мистериозни и моќни нови лика Ванда Максимоф и Пиетро Максимоф, и сретнуваат стар пријател во нова форма кога Пол Бетани станува Вижн.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Промо

error: Содржината е заштитена со авторски права.