Следи нѐ
To Top

Без договор заврши четвртата средба помеѓу средношколците и МОН

Насловната фотографија е преземена од Фејсбук

Без договор заврши и четвртата средба помеѓу претставниците на Средношколскиот пленум и Министерството за образование и наука.

реклама

Од пленумот најавија дека бојкотот и нивното кампување во Паркот на новинарите продолжува и понатаму.

На средбата овој пат имаше и мониторинг од Народниот правобранител, детската амбасада Меѓаши и од Хелсиншкиот комитет. Средношколците претходно побараа и тие да бидат вклучени со цел да не бидат изманипулирани и да не паднат под политички влијанија.

Инаку, денеска средношколците кои кампуваат во паркот спроти Министерството за образование, организираа герила акција наречена „Свирни за поддршка“ со која ја добија поддршката на возачите кои поминуваат од тука.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.