Следи нѐ
To Top

Вечерва се отвора 27 издание на Саем на книгата

Најзначајна манифестација од областа на книжевната и издавачката дејност, 27.Саем на книгата, официјално ќе биде отворен вечер на Скопски саем.

За посетителите од утре до 11 мај на Саемот ќе бидат изложени современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста. На Саемот ќе се претстават повеќе од 70 издавачи од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Шведска и Италија.

реклама

Во Галеријата во Метрополис арена ќе има промотивно катче каде ќе бидат промовирани новите наслови годинава. Новина е што ќе има тематски денови кои секој ден ќе бидат различни. Тематската програма вклучува „Ден на македонска поезија“, „Промоција на млади автори“, „Ден на егзистенцијализмот“, „Големите светски талкачи“, „Ден на екранизирана уметност“, „Сонуваме ѕвезди“ – средба на девата со поетите.

Традиционално и годинава Здружението на издавачи и книжари ќе ги додели наградите на учесниците на Саемот на книгата поделени во пет категории: најдобро оригинално издание од областа на литературата, науката, културата и уметноста меѓу двата саема, најдобро ликовно графичко обликување и дизајн на книга или едиција, најдобро илустрирана книга или сликовница, награда „Јаков од Камена река“ за најдобра компјутерска обработка за печат или отпечатена книга или едиција, како и најдобар книжар меѓу двата саема.

Работното време на Саемот на книгата ќе биде од 10 до 20 часот, влезниците се 30 денари, а за организирани посети 20 денари.

Во другите хали на Скопски саем од 7 до 9 мај ќе се одржат саемските манифестации-Скопје травел маркет (во втора хала), Денови на образование и кариера (во трета хала) и Виз Ер Скопје Маратон експо (во четвртата хала).

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.