Следи нѐ
To Top

Експлозија пред седиштето на ДУИ во Мала Речица – повредени нема

Кратер со димензии 30 сантиметри во пречник и 10-ина сантиметри во длабочина е единствената последица од детонацијата на засега непозната експлозивна направа што синоќа околу 21 часот и 45 минути се случила на ул. „170“ пред влезот во седиштето на ДУИ во тетовска Мала Речица, потврди портпаролот на СВР-Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите информации, од детонацијата нема никакви други оштетувања на објекти или предмети, ниту некој е повреден.

реклама

Дел од медиумите јавија дека во експлозијата е повредено дете.

Екипи на СВР Тетово и јавен обвинител уште синоќа пронашле и подигнале траги за вештачење и се работи на утврдување на видот на експлозивната направа, како и на идентитетот и мотивот на можниот/ можните сторител/и.

Според засега неофицијални информации, експлозивната направа била активирана со фрлање, а во моментот на експлозијата во портирницата од седиштето на ДУИ имало едно лице кое не е повредено.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.