Следи нѐ
To Top

Средношколците од „Георги Димитров“ во хуманитарна акција за помош на петгодишниот Марко

Ученици од СУГС „Георги Димитров“ и членови на Драмскиот креативен центар „С’клет“ организираат претстава, која ќе биде изведена на 5 мај во 20 часот, во Дом на АРМ во Скопје.

Текстот и режијата се на нивната професорка Марина Лотеска, а претставата е хуманитарна за помош на петгодишниот Марко, на кого му е потребна помош за да може да замине во Истанбул на операција на неговата нога.

реклама

Претставата е во соработка со ООЦК Карпош преку програмата Црвен крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ)

Цената на билетот е 100 денари, а билетите се во претпродажба на билетарницата на Дом на АРМ.

Се собираат и дополнителни донации за 25 годишниот Зоран Ѓорѓиески од Вевчани, на кој итно му е потребна трансплантација на срце во странство и истата чини од 300.000 до 500.000 евра.

Поради големината на сумата која треба да се собере, во вторник на самиот настан ќе има и кутија за донации за Зоран.

11009984_951940784839819_2595705101910764472_n[1]

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.