Следи нѐ
To Top

Илјадници демонстранти протестираат пред Собранието

Неколку илјади демонстранти, на кои не им беше дозволено да протестираат пред Владата, протестот го продолжија на булеварот пред Собранието.

Демонстрантите извикуваат „нема правда, нема мир“ и „убијци“. На почетокот на протестот, кога пред Владата имаше стотина луѓе, полициски кордон не им дозволи да се приближат до објектот.

реклама

Демонстрантите бараат одговорност од надлежните за прикривање на убиството на 22-годишниот Мартин Нешкоски пред четири години во Скопје. За разлика од вчера, кога протестите ескалираа во судири меѓу демонстрантите и полицијата, денеска е забележливо многу поголемо полициско присуство.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.