Следи нѐ
To Top

Средношколците заедно со своите родители и наставници протестираа пред МОН

Насловната фотографија е преземена од Фејсбук

Средношколците заедно со родителите и наставниците денеска протестираа на улицата пред Министерството за образование.

реклама

Средношколците во неколку вреќи ги собраа нивните училишни униформи и ги оставија пред Министерството за образование. Според нив, има  симболика во нивната одлука да ги остават училишните униформи пред зградата на МОН. Покажуваат револт и несогласување со состојбите во образованието и покрај предимензионирањето на овој чин.

Тие повикуваат на сличен протест и утре попладне. Велат дека продолжуваат со бојкотот на наставата и со кампувањето, а дополнително, на Генерален пленум, треба да одлучат кои ќе им бидат следните чекори.

Автомобилите кои поминуваат пред Паркот на новинарите и денеска со сирените им даваат поддршка на средношколците.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.