Следи нѐ
To Top

Времето денес: Нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови од земјата.

Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни со силни електрични празнења и интензивен пороен дожд, а не се исклучува и можноста за изолирана појава на град.

реклама

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 25 до 32 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Во петок ќе има преодна стабилизација на времето со умерен северен ветер, а за време на викендот ќе има повремени врнежи од дожд.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.