Следи нѐ
To Top

Скопје, Гевгелија и Пелагонија зафатени од невремето

Невреме проследено со дожд, грмежи и ветер попладнево ги зафати гевгелискиот, пелагонискиот и скопскиот регион. 

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека попладнево нестабилна облачна маса проследена со врнежи, грмежи и засилен ветер од северозападен правец се преместуваше од запад кон исток. Нестабилност имаше во Пелагонија и во скопската котлина која се движеше кон Куманово, Кратово и Крива Паланка. Во Тетовско е забележан ситен град, а силен ветер во Гевгелиско до 65 километри на час. Засилен ветер со брзина од 55 до 60 километри е забележан и во Скопје.

реклама

Најмногу дожд од 7 литри наврна на Зајчев Рид и 5 литри во Пожаране.

Во вечерните часови се очекува стабилизирање на времето и е можен само слаб дожд. Утре облачноста ќе се намалува и не очекува сончев ден. Нестабилно време можно е за време на викендот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.