Следи нѐ
To Top

И вечерва мирно се протестираше пред Собранието, но и во останатите градови

Пред Собранието на Република Македонија и вечерва се одржаа протести кои беа иницирани по објавените материјали во вторникот од страна на опозициската СДСМ за случајот со убиството на Мартин Нешкоски.

Демонстрантите околу 18 часот се собраа кај улиците во близина на Владата,  до чија зграда беше оневозможен пристапот од полициските сили. Оттаму се упатија кон Министерството за внатрешни работи, каде исто така им беше блокиран пристапот. Протестите продолжија пред Собранието на Република Македонија. Вечерашните протести поминаа мирно и без посериозни инциденти.

реклама

Преку протестот, демонстрантите бараат одговорност и оставки од претставници на власта за случајот со убиството на Нешкоски  и реагираат на, според нив, полициската бруталност.

Протести се одржаа и во неколку градови во Македонија.

Во Куманово протестот заврши мирно и без инциденти. Протестот започна на градскиот плоштад, а групата граѓани продолжи да се движи по улиците „Гоце Делчев“ и „11 Октовмри“, по што демонстрантите застанаа пред СВР Куманово, кој го обезбедуваше полицијата и побараа одговорност од властите за случајот со Мартин Нешковски.

Поголема група граѓани протестираа и во Охрид. Протестот почна пред споменикот на „Свети Кирил и Методиј“ во близина на Градскиот плоштад. Демонстрантите беа оневозможени од полицијата да стигнат до зградата на СВР – Охрид каде што сакаа да го искажат своето незадоволство.

Учесниците на протестот палеа свеќи пред полицискиот кордон во спомен на Мартин Нешковски. Протестот заврши мирно, без какви било инциденти.

Мирни протести вечерва беа одржани и во Штип, Струмица и Кавадарци

Протестите почнаа во вторник вечерта пред Владата, кога ескалираа и беа повредени полицајци и демонстранти. Мирни протести без посериозни инциденти се одржаа завчера и вчера пред републичкото Собрание и пред Јавното обвинителство, локации на кои се упатија демонстрантите откако беше оневозможен пристапот до владината зграда од страна на полицијата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.