Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Отворена најмодерната Nike продавница во Македонија

Во трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ отворен е најмодерниот и најголем Nike Shop во Македонија, кој по опременоста и иновациите стои рамо до рамо со Nike продавниците во најголемите светски метрополи.

На свеченото отворање на кое присуствуваа Nike промотерите, спортисти, медиуми и познати личности, претставен е најновиот концепт на Nike продавници, со уникатна понуда од различни категории, со акцент на тренинг опрема за жени, но и трчање, sportswear и кошарка.

реклама

Следејќи го светскиот тренд на градско трчање, Nike и во Македонија ќе почне да ги поддржува љубителите Новиот Nike Shop ќе биде главна шопинг дестинација за девојките кои редовно тренираат, но и за сите љубители на трчањето и да го популаризира трчањето како вид на рекреација, исто како и женскиот тренинг. на брендот Nike.

– ”Nike брендот како лидер и иноватор ја отвори најмодерната спортска продавница во Скопје, дестинација која на потрошувачите ќе им понуди шопинг искуство по светски стандарди. На купувачите ќе им бидат достапни модели кои досега не беа присутни на нашиот пазар. Во следниот период ќе настојуваме на купувачите не само во Скопје, туку и ширум Македонија, да им дадеме поддршка да ја пронајдат својата спортска страна и да се активираат во спортот. Во план е организација на голем број тренинзи на отворено и групно трчање на различни градски локации ширум Македонија”, истакна Игор Трпковски, директор на Sport Vision кој е застапник на брендот Nike во Македонија.

На отворањето, специјален гостин промотор беше Кокан Ајановски, професионален тренер за трчање, од кого посетителите можеа да добијат извонредни совети за трчање, како и информации за иновациите во Nike производите.

Покрај него, на отворањето присустуваа и многу јавни личности и спортисти, додека оригинална музичка изведба имаа Панчо и Андреј од ДНК. Целиот настан го надополни извонредниот ДЈ сет на Гоце САФ, кој со тоа што и приватно е колекционер на Jordan патики, го прави идеален член на семејството Nike.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Промо

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.