Следи нѐ
To Top

ФОТО: Студентите на ФИНКИ учеа за комуникациските вештини

Денес заврши и последното предавање од низата предавања во рамки на проектот “Soft Skills за техничките факултети” на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Проектот во организација на студентите Емилија Стојменовска, Дорина Филова, Кенан Таир, Александра Шолдова и Оливера Неделкоска имаше за дел да направи позитивна промена кај вештините на нивните колеги.

реклама

– „Нашата идеjа беше да се воведат вакви предавања и работилници за Soft Skills на нашите факултети бидејќи сметаме дека повеќето студенти на техничките факултети не се многу запознаени со комуникациски, презентациски вештини, работа во тим, лидерство и уште многу други вештини од ваков тип.“ – вели Стојменовска, дел од организаторите.

DSC_0099

Според нејзе, ова е проблем од големо значење, бидејќи студентите многу често не можат целосно да го покажат својот потенцијал на идното работно место поради лошите комуникациски вештини.

На предавањата учесници беа преставници од Младинскиот образовен форум, кои ги учеа студентите на правилни презентациски и комуникациски вештини, основачот на компанијата HASELT, Хајан Селмани кој им овозможни на студентите да размислуваат како вистински лидери и Весна Иваноска од SEDC , која успеа да изведе една успешна симулација за интервју на работа.

Овој проект е дел од предметот Медиуми и комуникации при ФИНКИ, и еден од ретките предмети кои вклучуваат социолошки елементи од науката.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

error: Содржината е заштитена со авторски права.