Следи нѐ
To Top

ЈСП протестира пред СДСМ: Пред седиштето на партијата паркирани десетина автобуси

Насловната фотографија е преземена од Курир

Десетина автобуси од Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје, во знак на протест поради повреда на возач и вандализирање на автобус за време на протестите против власта, денеска се паркираа пред централното седиште на СДСМ.

реклама

– „Протестираме поради напaдот на колегата и автобусот од демонстрани пред некој ден. Нашиот апел е сите тие што мислат да протестираат, нека го прават тоа на мирен начин, не да не загрозуваат нас како возачи и граѓаните кои што ги користат услугите на ЈСП“, истакна Ванчо Бошковски, возач во ЈСП.

Пред протестот на ЈСП, пред седиштето на СДСМ својот револт против насилството врз медиумите го искажаа и новинарите.

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денеска посочи дека тие што протестирале се партиски војници и дека власта со тоа ги почнала своите контрапротести. Вината за насилствата ја префрли на наводни инфилтрирани демонстранти од власта.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.