Следи нѐ
To Top

Повремени истрели во Куманово

Насловна фотографија: Даниел Краљевски / Think.mk

Во Куманово и попладнево повремено се слушаат истрели од огнено оружје од правецот на населбата „Тоде Мендол“. Тој дел на Куманово е блокиран и пристап имаат само возила на полицијата и на Прва помош. 

реклама

Во останатите кумановски населби сообраќајот се одвива нормално, но е забележливо засилено полициско присуство. Сообраќајот по автопатот од Табановце-Куманово-Скопје се одвива нормално и нема никаков застој.

По акцијата на полицијата во кумановската „Дива населба“ што почна од рано изутрината во Куманово во овој град се откажани најавените манифестации. Трговските објекти во останатите делови на Куманово се отворени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.