Следи нѐ
To Top

Продолжува евакуацијата во кумановската населба „Тоде Мендол“

Продолжува евакуацијата на  граѓаните од населбата „Тоде Мендол“ каде од рано изутрината е во тек акција на полицијата за разбивање вооружена терористичка група. Граѓаните се движат пеш или пак ги превезуваат специјални полициски возила. Станува збор претежно за  семејства со деца и постари луѓе. 

Од правецот на населбата „Тоде Мендол“ повремено се слушаат рафални стребли. Над дел од населбата се гледа црн чад, а таму се упати и противпожарна екипа.

реклама

Пристапот до  населбата „Тоде Мендол“ е блокиран освен за возила на полицијата и на Прва помош. Затворена за сообраќај е едната сообраќајна лента од булеварот „Трета МУБ“, а полицијата ги пренасочува возилата кон другите делови на градот.

Во останатите кумановски населби сообраќајот се одвива нормално, но е забележливо засилено полициско присуство.

Сообраќајот по автопатот од Табановце-Куманово-Скопје се одвива нормално и нема никаков застој.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.