Следи нѐ
To Top

МВР: Петмина полицајци загинаа во полициската акција во Куманово

Петмина полицајци загинаа, а над триесет сe повредени во акцијата што полицијата ја спроведе вчера во Куманово, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Сите полицајци загинаа во борбите што продолжиле по 19 часот, кога практично бил скршен отпорот на вооружената група утврдена во кумановската „Дива населба“, и кога се предале околу 30 лица, но оние што останале утврдени во населбата, започнале жестоко да се бранат. MВР засега не може да соопшти за колкав број загинати и ранети лица има во вооружената група, ниту пак колку има ранети и евентуално загинати цивили,рече министерката.

реклама

Според Јанкуловска, “ситуацијата е високо ризична”. Таа им изрази сочуство на семејствата на загинатите полицајци кои, како што рече, се бореле против многу опасна и обучена терористичка група . Шесмината полицајци се повредени веднаш откако, како што изјави Јанкуловска , терористите прогласиле дека ќе се предадат. Иако Јанкуловска изјави дека околу 20 часот дел од терористите се предале акцијата се уште трае и е сериоззна . Еден дел групата вооружени лица се од Македонија а еден дел од соседна држава.

Јанкуловска повика ситуацијата да не се користи за дневно политички настани и политичките партии да се воздржат од дополнителни активности кои би ја влошиле состојбата во државата .

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.