Следи нѐ
To Top

Откажан Виз Ер Скопски Маратон 2015

Во официјалниот допис испратен од Скопскиот маратон, пишува дека денешната маратонска трка се откажува поради неодамнешните случувања и безбедносната состојба во државата.

Во продолжение ви го пренесуваме текстот интегрално:

реклама

„Почитувани маратонци, полумаратонци, љубители на спортот, посетители на манифестацијата, соработници, спонзори, партнери, волонтери и сите останати заинтересирани за нашата манифестација,

Сојузот на спортови на Скопје, како официјален организатор на Виз Ер Скопскиот Маратон, при завршувањето на финалните активности за денешниот маратон, доби телефонска информација од Град Скопје и МВР дека денешната манифестација Виз Ер Скопски Маратон 2015 поради ново настанатата – безбедносна ситуација во државата се ОТКАЖУВА.

Би сакале јавно како организатори да ве информираме дека ги чекаме писмените дописи од официјалните институции кои ја донесоа оваа одлука, со информација за откажувањето на Виз Ер Скопски Маратон 2015 година, кои веднаш по добивањето официјално ќе ги споделиме со јавноста и медиумите.“

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.