Следи нѐ
To Top

Сѐ уште трае акцијата во Куманово

Расчистувањето на теренот во рамки на акцијата за разбивање на вооружената група во „Дивата населба“ во Куманово се уште е во тек, потврдуваат од МВР.

Во текот на ноќта и утрово во градот се слушале спорадични истрели од автоматско оружје, како и надлетување на хеликопетри. Очевидци од повисоките градски населби сведочат дека се уште може да се забележи чад од дел од објектите во „Дивата населба“.

реклама

Акцијата на полицијата започна вчера утрото. Министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска синоќа информира дека во акцијата пет полицајци загинале, а над 30 биле повредени, како и дека дваесеттина од членовите на вооружената група и се предале на полицијата.

Посочи дека се уште нема информација за загинати цивили, а не се знае ниту точниот број на загинати членови на вооружената група. Најави дека акцијата на полицијата ќе трае, како што рече, се додека не се неутрализира и последниот терорист.

Целта на вооружената терористичка група, како што информира Јанкуловска, била напад на стратешките државни институции во Република Македонија.

Министерката за внатрешни работи апелираше до сите политички партии и општествени чинители да бидат на висина на состојбата со која државата се соочува и да се воздржат од дополнителни провокации кои би можеле да доведат кон ескалација на состојбата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.