Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Почесен круг на маратонците во чест на загинатите бранители

Насловната фотографија е преземена од Твитер

Иако организаторот на Скопски маратон доцна синоќа преку официјално соопштение ги извести учесниците дека манифестацијата е откажана поради влошената безбедносна ситуација во државата, тоа не ги граѓаните, односно голем број маратонци утринава да се појават на стартната линија и да истрчаат еден круг од предвидената маршута во чест на загинатите полицајци во вчерашната акција во Куманово.

реклама

Присутните прво истрчале почесен круг, а потоа седнати на земја со едноминутно молчење им оддадоа почит на бранителите кои ги загубија животите бранејќи ја Македонија.

Меѓу маратонците имаше голем број странски државјани, кои дојдоа да бидат дел од престижната манифестација, но кои останаа разочарани поради нејзиното одложување.

Фотографиите се преземени од Твитер

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Останато

error: Содржината е заштитена со авторски права.