Следи нѐ
To Top

Бан Ки-мун повика на воздржаност по инцидентот во Куманово

Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-мун, во соопштение за инцидентот во Куманово, изрази загриженост, повик за воздржаност и упати сочувство до семејствата на загинатите и ранетите во акцијата.

– Генералниот секретар силно ги поддржува повиците на Европската Унија и други членки на меѓународната заедница кои ги повикуваат властите и сите политички и други водачи да соработуваат за да се врати стабилноста и целосно да се истражат настаните на објективен и транспарентен начин. Во ова чувствително време, Генералниот декретар ги повикува сите да покажат максимална воздржаност и да не прибегнуваат кон реторика или постапки кои би можеле дополнително да ги ескалираат тензиите, пишува во соопштението од Бан.

реклама

Во соопштението исто така се охрабруваат македонските власти да ги исполнат оценките изразени од Високиот комесар за човекови права од март годинава, за целосна посветеност на основните човекови права, владеењето на правото и создавање на атмосфера за слободно изразување.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.