Следи нѐ
To Top

Косово ја засили контролата на границата со Македонија

По настаните во Куманово, и инфорmациите дека во терористичката група имало и косовски државјани, Косово ја засили конролата  на границата со Македонија, јави Kосовската телевизија.

Од синоќа на полноќ полициски сили, главно припадници на специјалната единица РОСУ, се распоредени на границата. Специјалците биле распоредени во две групи, дел од нив се стационирани кај преминот Хан Елези-Блаце, додека другите на граничниот премин кој ги поврзува Косово со Србија и Македонија, во близина на Гњилане.

реклама

– Полиција ќе го мониторира минувањето на границата по информациите дека граѓани од Косово учествуавле во оружениот судир со македонските бебедносни сили во Куманово, објави Косовската телевизија.

На донесувањето на одлуката за распоредување на сопецијалците на косовско-македонаката граница претходеше средба на претседателката Атифете Јахјага со премиерот Иса Мустафа и министерот за внатрешни работи Скендер Хисени, на која станало збор за „актуелната безбедносна состојба во Косово и последните случувања во Република Македонија“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.