Следи нѐ
To Top

Средношколците денеска се вратија на настава со цел да го „ресетираат“ бојкотот

Насловната фотографија е преземена од Фејсбук

Денес истекува законската можност за отсуство од настава на средношколците, поради што тие се вратија на настана, но со цел да го „ресетираат“ отсуството и да продолжат со протестот.

реклама

Ова, велат средношколците, е преодно решение за повторно активирање на бојкотот и избегнување на законските одредби кои предвидуваат парични казни за нивните родители.

Средношколците се разочарани што и покрај поканата и безбедносната состојба, надлежните не се сретнаа со нив.

„Утре сите гимназии што бојкотираат го ресетираат бојкотот со цел да не бидат казнетите нашите сопленумци од Родителскиот пленум. Тоа значи дека понеделник се оди на настава но бојкотот официјално продолжува по часовите. Ова е изгласано на Генерален Пленум. Се гледаме на фронт!“ – стои во соопштението од Средношколскиот пленум.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.