Следи нѐ
To Top

Владата целосно ќе ја покрие штетата на објектите во Куманово

Комисијата за проценка на штетите составена од членови на Владата на  и Општина Куманово од денеска започна проценка за утврдување на материјалните штети на недвижниот и движниот имот во населбата „Тоде Мендел“ во Куманово на местото каде викендот се одвиваше полициска акција, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Акциски план за постапување по синоќешните заклучоци од Владата за формирање на Комисијата е донесен на денешната средба во општина Куманово на министрите за транспорт и врски  и за локална самоуправа Миле Јанакиески и Лирим Шабани.

реклама

Владата на последната седница одлучи да се изврши обештетување во висина од 100 проценти од проценетата штета на терен.

На семејствата чиишто домови се оштетени во акцијата во мерка која не дозволува услови за престој ќе им се обезбеди сместување во периодот потребен за санација на нивните домови или додека трае санацијата ќе добиваат финансиски надомест за закуп на простории (кирија). На тие семејства ќе им доделена и првична еднократна хуманитарна помош во висина од 100.000 денари по единица оштетен дом.

Надлежните државни комунални, медицински и санитарни институции, во соработка со Општина Куманово и Град Скопје, ќе пристапат кон расчистување на теренот со цел обезбедување на првобитните услови за живот.

Комисијата за проценка на штетите, според владините заклучоци, во рок од 7 дена ќе подготви извештај за проценетата штета и ќе го достави до Владата на РМ.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Uncategorized

error: Содржината е заштитена со авторски права.